Во текот на четвртокот во зајакната акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 382 возачи, информираше Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа, 193 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 189 надвор од населено место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.