На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 152 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, десет за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање – информираат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во следниот период и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.