Шеесет и осумгодишен кумановец веќе 11 дена се води за исчезнат. МВР ги објави неговите податоци на официјалната страна.

Стојадин Марковски (роден 18.04.1953 година) има 68 години и е од кумановската населба Карпош. Тој во недела, на 14-ти месецов излегол од дома доцна вечерта да чисти снег пред куќата и повеќе не се вратил. Утредента неговите блиски пријавиле во полицијата. Кога излегол од дома бил облечен во црвена јакна, фармерки и бели патики.

Доколку некој го препознае треба се обрати во најблиската полициска станица или да достави информации на бројот 192.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.