Шест лица се повредени од експлозија од плинска боца што се случила вчера во викендица во село Матејче општина Липково, информираа денеска од МВР.

Повредените се на возраст од 27 до 44 години. Лекарите од кумановската општа болница, вчера во 21: 45 пријавиле во СВР Куманово дека кај нив биле донесени шест лица С.С.(34), В.И. (31), Н.Н. (31), З.С.(27), М.Н.(44) и Б.Ш.(36), кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца во приватен објект, викендичка во село Матејче на место викано „Матејачки колиби“.

Повредените имаа изгореници на лице и раце, и биле пренесени за Скопје во градската болница и на пластична, изјави директорката на општа болница Куманово, Снежана Захариева.

Според МВР, тие биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.