Автомобил во движење се запалил и изгорел на магистралниот пак Куманово – Крива Паланка, на м.в. „Смилчинска кривина“.

Пожарот се случил вчера пред 20 часот, кога било пријавено во СВР Куманово дека село Младо Нагоричане кај м.в. „Смилчинска кривина“, на магистрален пат Крива Паланка – Куманово настанал пожар во патничко возило кое било во движење.

Пожарот бил изгаснат од екипа од Територијалната противпожарна единица – Куманово, а повредени лица нема.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Додека траело гаснењето на пожарот сообраќајот бил пренасочен на стариот пат Куманово – Старо Нагоричане.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.