На 22.05.2020 во 12,45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.“18“ во населба Радишани-Скопје избувнал пожар во автомеханичарски сервис од невнимание, додека Н.Р.(43) и З.Е.(29) заварувале со оксигенска боца.

Притоа биле опожарени повеќе паркирани возила на плацот и три магацински простории. Пожарот бил изгаснат од противпожаранат единица од Скопје. Увид на местото на настанот ќе биде извршен од екипа од СВР Скопје во текот на денов (23.05.).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.