На улицата „Ѓоко Тутушев“ во Гевгелија, синоќа околу 21 часот избувнал пожар во семејна куќа кој бил забележан од соседите.

Тие откако ги забележале пламените јазици на покривот веднаш пријавиле по што екипи од ТППЕ Гевгелија набргу пристигнале на лице место и за кратко време успеале да го локализираат пожарот и да го спречат неговото проширување на соседните куќи но покривот целосно изгорел.

Куќата е сопственост на гевгеличанец, а во неа до моментот на опожарување живееле потстанари. Засега не се знае причината за пожарот, но, постојат сомневања дека е предизвикан од оџакот.

Предизвикана е поголема материјална штета од пожарот затоа што, покрај покривот, пропаднале и таваните по што настанало оштетување и на делови од покуќнината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.