Шеесет и три годишен жител на Кривогаштани остана без покрив над главата откако во пожар му изгорела куќата.

На 06.11.2020 во 06.00 часот во Полициското одделение Кривогаштани, Г.Р.(63) од с.Кривогаштани пријавил дека настанал пожар на катот од неговата куќа, при што целосно биле изгорени катот, дрвената кровна конструкција и исушен тутун. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Прилеп и Територијалната противпожарна единица Кривогаштани – информираат од МВР.

Како што соопштија од полицијата, извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.