Автомобил „ауди“ бил опожарен вчера во кумановската населба Карпош, соопштија денеска од СВР Куманово.

Вчера во 21: 45 часот било пријавено дека на улица „100“ во Куманово настанал пожар во патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на триесет и петгодишниот Д.М., соопштиија од СВР Куманово.

Екипа на територијалната противпожарна единица Куманово го изгасила пожарот во кој нема повредени лица. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.