Пожарот, кој претпладнето избувна на планината Еленица, над селото Вељуса кај Струмица и зафати нискостеблеста шума, е изгаснат, инфрмираа пред малку од ТППЕ Струмица.

Во гаснењето на пожарот, кој зафатил површина од околу два хектара, учествувале пет противпожарни возила и 13 пожарникари.

Благодарение на брзата интервенција пожарот беше успешно локализиран и ликвидиран, иако повремениот ветер, кој дуваше со променлив правец, го отежнуваше гаснењето, рече Александар Гудев, командир на Територијалната професионална против пожарна единица од Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.