Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Индира Ганди“ настанал пожар во куќа сопственост на Н.В.(36), при што била опожарена една соба и влезот од куќата.

Како што соопштија од МВР, во пожарот со повреди се здобиле Н.В. и К.Џ.(40) и биле пренесени во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им биле констатирани телесни повреди.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а увид извршила екипа од СВР Скопје.б

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.