Во близина на манастирот во Матејче во текот на вчерашниот ден избувнал пожар, но целосно е изгаснат. Како што соопштија од РЦУК Куманово, пожарот зафатил сува трева на поголема површина под манастирот.

Противпожарната единица делувала со едно возило и четворица пожарникари, а во гасењето им помагале и двајца вработени шумари од подрачната единица на „Македонски шуми“.

Пожарот е локализиран околу 18 часот, во тој период почнало да врне дожд и екипите се повлекоа од терен. ТППЕ се вратила во својата единица во 18:15 часот. Од одговорното лице од шумско стопанство известени сме дека нивните вработени што учествуваа во гасење на пожарот, во раните утрински часови повторно ќе направат контрола на истата локација на опожарената површина. Во случај на повторно активирање на пожарот соодветно ќе се делува – наведуваат од РЦУК Куманово.

Вчера, пожарникарите интервенирале и на опожарена сува трева во село Тромеѓа со едно противпожарно возило и тројца пожарникари од 19:35 до 21:15 часот, причината за настанување на пожарот е непозната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.