Скопските пожарникари експресно го изгаснаа пожарот во куќата во близина на Националната установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Станува збор за постара куќа, според последните информации на терен има три противпожарни возила. Засега нема информации за евентуални повредени во пожарот, ниту колкава штета е причинета. Според објавите на социјалните мрежи, пожарот бил голем.

Куќата која во која избил се наоѓа на Адвокатската улица, веднаш зад Универзитетската библиотека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.