Голем шумски пожар избувна во близина на ветрниците кај Богданци, но поради непристапниот терен засега не може да интервенираат противпожарните единици.

Веста за МИА ја потврди градоначалникот на Богданци, Блаже Шапов кој бара да интервенираат канадерите за гаснење на пожарот поради непристапниот терен.

Пожарот се шири со голема брзина, и според информации од градоначалникот Шапов, гори нискостеблеста шума на околу 400 до 500 метри од ветерниците.

Пожарот може да се забележи и од патот Струмица-Валандово, од превојот „Валандовско брдо“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.