Вчеравечер во 21:08 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди во неконтактибилна состојба бил донесен Е.Ј.(31) од Скопје.

Дежурниот доктор констатирал дека повредениот се здобил со пет убодни рани во пределот на стомакот.

Според добиените информации, Е.Ј. бил повреден во угостителски објект на ул.„Џон Кенеди“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.