На 13.05.2021 во 15:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(60) од Скопје и мотоцикл „хонда“, управуван од М.Ш. од Италија.

По незгодата, М.Ш. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.