Обвинителството спроведе истрага против италијански државјанин за откриена дрога во неговиот багаж на скопскиот аеродром.

Станува збор за 38-годишик кој се товари за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

„На 17 мај, на Меѓународниот аеродром Скопје, при личен преглед на осомничениот, во неговата патна торба биле пронајдени 8,01 грама марихуана, 3,33 грама хашиш и 18 милилитри хашиш масло“, соопшти Обвинителството.

Поради опасност од бегство, доставен е предлог за определување мерка притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.