Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против триесетгодишен прилепчанец за кого постои сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот во текот на вчерашниот ден неовластено заради продажба држел наркотична дрога – хероин во вкупна количина од 19,91 грама сместена во две пакувања и тоа пакување со тежина од 10,06 грама и пакување со тежина од 9,85 грама. Откако неовластено заради продажба ја купил предметната наркотична дрога од засега неидентификувано лице во населба Сингелиќ во Скопје, осомничениот со такси-возило се упатил кон Прилеп.

При извршен преглед над осомничениот на наплатна станица Сопот кај Велес, дрогата била пронајдена и одземена од страна на полициски службеници, а лицето е лишено од слобода.

Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело, со оглед на неговата досегашна повеќекратна осудуваност за истото кривично дело, но и за други кривични дела против имотот, обвинителството достави Предлог за определување притвор. Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Велес го прифати предлогот и на осомничениот со решение му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.