Oбвинителката Марија Ѓорѓевска денеска соопшти дека на обвинетите во случајот „Ликвидација“ нема да им се суди заради застареност на случајот. Еден од обвинетите во судскиот предмет, новинарот Томислав Кежаровски за оваа одлука истакнал дека е револтиран и разочаран бидејќи сакал да ја докаже својата невиност, пренесува Фокус.

Јас сакам шанса да докажам дека сум невин и судот да ме ослободи, односно да добијам ослободителна пресуда, а не поради застарување или примена на поблага законска одредба, судењето тука да запре. Го замолувам судот, да ги погледне доказите и да види дека никогаш не го открив идентитетот на заштитениот сведок и не го открив неговиот телефонски број. Барам шанса да ја докажам вистината, револтирано истакнал Кежаровски во судница.

Сега сум осуден по втор пат и тоа на доживотна казна затвор, бидејќи немам право да се жалам и да ја барам правдата. Ова значи дека се било залудно. Засекогаш ќе се закопа и полициската местенка на лажниот сведок во „Ореше“, додал тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.