Струмичанецот Ристо Иљашев, по кого семејството трагаше повеќе од еден месец, е човекот пронајден мртов денеска кај браната Турија во делчевско, дознава „Република“ од неофицијални извори.

Како што ни потврдија од СВР Струмица, таму денеска е пронајдено безживотно тело, а по завршениот увид  на полицијата, телото ќе биде предадено на обдукција.

Телото наводно било пронајдено во буре, но од полицијата засега не ја потврдуваат оваа информација.

Педесет и седумгодишниот Иљашев бил пријавен за исчезнат во СВР Струмица на 7 мај годинава, кој излегол од домот околу 13:30 часот и веќе не се вратил. Семејството постојано апелираше по социјалните мрежи за било каква информација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.