Утринава околу 6:30 часот е најден жив 62-годишниот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, кој вчера беше пријавен за исчезнат од неговиот брат. Ѓорѓи бил најден долж железничката пруга по дојава од тетовчанец до братот Ристо.

Откако беше објавено по медиумите дека е исчезнат брат ми, околу 21 часот ми се јави млад човек кој живее касарната и ми кажа дека смета дека го видел Ѓорѓи кај 18 часот кај железничката станица. Ми опиша како е облечен и така утврдив дека навистина го видел брат ми. Со еден сосед го баравме околу станицата до полноќ, но не го најдовме. Утринава околу 6 почнав пак да го барам. Долж пругата одев и викав по него Гоче, Гоче, па му го слушнав гласот како вика тука сум, тука сум, раскажува неговиот брат Ристо.

За причината како се изгубил Ѓорѓи, Ристо не може да утврди бидејќи од март месец поради здравствени проблеми и слабо зборува. Ристо исчезнувањето го пријави вчера во 19 часот откако 24 часа го немаше видено Ѓорѓи, па денеска во СВР Тетово известил и дека го нашол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.