Вчера попладне во канал во близина на скопското село Стајковци, било пронајдено телото Зинка Доневска, која претходно незјиното семејство ја пријави дека се оддалечила од домот.

Вчера во 15:30 часот во Полициска станица Гази Баба е пријавено дека околу 13.00 часот на место викано Орман трло во атар на с.Стајковци, скопско во канал со вода е пронајдена почината З.Д.(78) од с.Стајковци која на 07.12.2022 од нејзината ќерка С.С.(45) од Скопје е пријавена дека се оддалечила од домот. Од лекар од итна медицинска помош е констатирала смрт без траги на насилство, велат од полицијата.

За настанот е известен јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата е предадено на Судска медицина. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.