Синоќа во 22.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, 47- годишната Б.П од Скопје пријавила дека истиот ден околу 16 часот од домот се оддалечила нејзината 16- годишна ќерка О. П.
Од МВР соопштуваат дека откако пријавила во полиција, Б.П. телефонски стапила во контакт со О.П и таа рекла дека ќе се врати дома, но до објавувањето на извадокот тоа не го сторила.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.