Маж кој бил пријавен за исчезнат вчера околу 14 часот бил пронајден мртов.

Случајот во полицијата го пријавил И.Б. (36) од с.Јурумлери-Скопје кој рекол дека додека извршувал земјоделски работи во неговата нива, забележал тело на маж.

Од страна на медицинско лице констатирана е смрт без траги на насилство и утврдено е дека станува збор за Р.Ј. (63) од с. Петровец, кој претходно бил пријавен за исчезнат. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција – информираат од полицијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.