Исчезната е 56-годишна жена, жител на селото Мождивњак, кривопаланечко. Случајот го пријавила во полиција нејзината снаа во текот на вчерашниот ден, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во Полициската станица денеска во 20:20 часот од општа надлежност, Крива Паланка, 52-годишната Л.М. од село Мождивњак, кривопаланечко, пријавила дека од семејната куќа се оддалечила нејзината золва Г.С., на возраст од 56 години, информира Живкица Чавдаревиќ, портпарол на СВР Куманово.

Според досегашните сознанија на полицијата, лицето и претходно се оддалечувало и се враќало во домот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.