Полицијата вчера на улица „Манапо“ во Скопје го и лишиле од слобода 68-годишниот скопјанец Ф.А. поради кражба.

Како што соопшти денеска МВР, Ф.А. се сомничи дека вчера околу 18.10 часот на улица „Мраморец“ со закана со остри предмети одзел чанта од 17-годишно девојче од Скопје.

Кај него биле пронајдени острите предмети и одземеното. Лицето било задржано во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.