Радовишанката Верица Донева пред неколку дена преку „Фејсбук“ ја раскажа голготата низ која поминува со институциите откако нејзиниот син незаконски ѝ е одземен од страна на таткото.

Здраво на сите! Решив јавно да споделам да дознае цела Македонија јас низ што минувам! Министерство за труд и социјална политика Министерство за правда МВР ДРЕМЕТЕ ЛИ?!?!?! Веќе 10 месеци трпам неправда, уцени,малтретирање, малверзации преживувам голгота од нашите нефункционални институции и иживување од страна на институциите во нашата “Држава” ако може така да ја наречам. Денеска реши јавно да споделам што и како работат институциите за малолетни дечиња, а знам и дека има многу самохрани МАЈКИ кои што го доживуваат истото што и јас!!!!!! А сега ке оде во прилог ЈАВНО секој доказ и документ ЗАКОНСКИ да се виде јавно нивниот резултат.Јас сум законски старател и мајка на малолетно дете веќе 11 години и СЕУШТЕ СУМ! ДЕТЕТО НЕ МИ Е ДОМА БИДЕЈЌИ ТАТКОТО ПО СВОЈА ВОЛЈА ОТИ МУ СЕ САКАЛО МИ ГО ОДЗЕМА НЕЗАКОНСКИ И УШТЕ НЕ Е ВРАТЕНО ДОМА КАЈ МЕНЕ!!!!!!!!!!! Синчето ми е одземено НЕЗАКОНСКИ и не е вратено до ден денес од страна на таткото од Март месец. Институциите се иживуват со мене цели 10 месеци! НЕ ПРАВЕЈЌИ НИШТО не превземајќи ништо во област на законот и на мојте МАЈЧИНСКИ права по закон! Сакам под итна постапка детето да ми е донесено дома ВЕДНАШ!!! А од сега па натаму има се ЈАВНО да оде да видеме каков закон и какви права имат МАЈКИТЕ(ПИШУВАМ МАЈКИ СО ГОЛЕМИ БУКВИ ОТИ ТОА ЗА МЕНЕ Е НЕШТО СВЕТО!!!!!!) во оваа Банана Држава! ДЕНЕС во 21:00 ќе се вклучам Live на Фејсбук, очекувам голема поддршка од сите вас, и се надевам дека ќе ја искараме правдата како што е ред! ВО ПРИЛОГ ОДАТ СИТЕ ДОКУМЕНТИ И ДОКАЗИ ОД МОЈА СТРАНА!!! ДОСТА БЕШЕ МОЛК СЕГА ОДАМ ЈАВНО И ГЛАСНО!!! СПОДЕЛУВАЈТЕ ГО ПОСТОТ ДА СЕ ЗАСРАМАТ ИНСТИТУЦИИТЕ!!!, пишува Донева.

Подоцна, таа се вклучи во живо и ги кажа сите детали за она низ што поминува:

Вели и во иднина јавно ќе објавува за секој што ќе постапува несовесно, неодговорно и ненавремено.

Сакам на сите да ви се заблагодарам за огромната поддршка што ми ја пружите во оваа моја тешка состојба, во која се борам за правото на мајката. Јавно сакам да споделам дека одредени кругови, моето јавно обраќање, го сватиле како против државата, и ме предупредуваат да не излезе целата работа од контекст. Јавно споделувам дека се борам за мое неприкосновено право како мајка, и во иднина јавно ќе објавувам дека секој што ќе постапува несовесно, неодговорно и ненавремено ќе биде кажано јавно. Огромна благодарност до сите вас, среќна сум што сте тука до мене и ми пружете поддршка!, вели Донева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.