СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Н.(41) и М.Н.(46) од Охрид и А.К.(25) с. Долно Коњско, охридско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување или уништување деловни книги“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
На 01.08.2021, службени лица од УЈП вршеле инспекциски надзор во угостителски објект на ул. „Партизанска“, при што констатирале прекршок според „Законот за регистрирање готовински плаќања“ и согласно тоа изготвиле платен налог според „Законот за прекршоци“. Притоа, пријавените им ги одзеле службените документи на службените лица и ги оштетиле, а записникот и платниот налог ги искинале. Исто така, ги спречиле службените лица да го завршат инспекцискиот надзор – соопшти МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.