Во Министерството за внатрешни работи е пријавен инцидент што се случил попладнето во Тетово и по него постапува внатрешната контрола на МВР.

Денеска во 15:55 часот е пријавен инцидент на улица „120“ во близина со крстосницата со улица „Борис Кидрич“ во Тетово. Информиран е одделот за внатрешна контрола и се работи на расчистување на случајот, изјави за МИА портпаролот на МВР Тони Ангеловски, без да прецизира детали за учесниците во инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.