Гореше во Кочани автомобил со скопски регистерски таблички.

Според информациите на полицијата, вчера во 21,50 часот вработен во Територијалната против пожарна единица од Кочани пријавил дека на ул. “Стево Теодосиевски“ во Кочани од пожар било зафатено патничко моторно возило “Цитроен Пикасо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на лицето Т.Л (53) од Скопје .

Пожарот избувнал во пределот под уредот за управување и ја зафатил електричната инсталација , по што возилото само се придвижило наназад и удрило во соседната зграда.

Пожарот бил изгаснат од страна на ТППЕ-Кочани.По овластување на Јавен обвинител извршен е увид налице место. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.