Ноќва околу 01.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(55) од Скопје, затоа што околу полноќ влегол во двор од куќа на ул.„Петар Драпшин“, каде што седеле Г.А.(33) и Б.Д.(30), двајцата од Скопје, и извадил бомба кашикара, која успеале да му ја одземат.

С.Т. бил приведен во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.