Вчера во 11.15 часот во СВР Скопје, Г.С.(35) од Скопје пријавил дека околу 04.00 часот во угостителски објект на бул.„Борис Трајковски“, додека бил на неговото работно место, тој и неговата колешка В.М. биле физички нападнати од А.К., кој со остар предмет ја повредил В.М. во пределот на раката.

Според пријавеното, потоа А.К. со возило ги удрил двајцата во пределот на нозете.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.