Во угостителскиот објект  „Галаксија“ во Чаир настанала вербална расправија која преминала во физички напад.

Како што дознава „Курир“, во инцидентот учествувале од една страна заменик директорот на БЈБ придружуван од уште едно лице, а од друга страна началникот на ЕВР Чаир Е.М.

Началникот бил нападнат , а во еден момент, лицето кое било во друштво на заменик директорот на БЈБ, извадил огнено оружје пиштол и испукал еден куршум кон началникот.

Тој повикал полициски службеници кои тргнале да го приведат лицето кое пукало, но заменик директорот дал наредба тој веднаш да се ослободи, дознава КУРИР.

Во моментов се врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.