Вечерва кај ГОБ „Св. Наум Охридски“ во Центар настанал инцидент меѓу две семејства, по интервенирала и полицијата.

Од МВР велат дека во близина на стара Градска болница дошло до нарушување на јавниот ред и мир од страна на членови на две семејства при претходно случена сообраќајна незгода.

Во незгодата, според првичните сознанија, било удрено дете, велат од МВР.

Екипи на МВР се излезени на лице место на увид со цел утврдување на детали околу настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.