За време на протест кој се одржал во средата во местото Шупли Камен во кумановско, се случил инцидент во кој биле нападнати две лица. На протестот бил нападнат прво 52-годишниот Г.С, а по завршување на истиот, инспекторка во Државен инспекторат за животна средина била нападната додека си ја вршела работната должност. Освен што насилниците физички ја нападнале, и го искинале и записникот кој таа го направила, јавува Курир.мк.

На 21.08.2019 во 11.00 часот во СВР Куманово, претседателот на Месната заедница „Шупли Камен“, Г.С. (52) пријавил дека за време на протест и блокада на патот во селото Шупли Камен, физички бил нападнат од непознато лице кое управувало товарно возило.

Според пријавеното, во наведеното време на местото пристигнале две товарни возила, по што возачот на првото возило излегол и физички го нападнал Г.С. и со непознат предмет му нанел повреда на вратот.

Во 20:00 часот во СВР Куманово, Л.З.(57), државен водостопански инспектор во Државен инспекторат за животна средина, пријавила дека истиот ден околу 15.30 часот, додека вршела службени задачи заедно со водстопански инспектор, по извршениот увид на речното корито на река Пчиња, Б.Н., вработен во сепарација во река Пчиња, насилно се обидел да и го земе записникот, но бил спречен од полициски службеници. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Куманово, информираат од МВР за случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.