Вчера околу 13 часот било пријавено дека во село Росоман бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С. (24) од Скопје и М.Н. (39) од Градско.

Според пријавата, во еден момент М.Н. со шипка почнал да удира по патничкото возило „Сеат Леон“, сопственост на Д.С., во кое биле и И.Д. (23) и П.И. (23), двајцата од Скопје. Притоа Д.С. со пиштол му се заканил на М.Н.

По преземени мерки, двајцата биле приведени во Полициската станица Кавадарци за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.