Имињата на 14-те пациенти заразени со корона, кои минатата недела изгореа за неколку минути во тетовската модуларна болница, нема да бидат јавно објавени. Иако после секоја голема несреќа институциите ги објавуваат имињата на жртвите кои загинале, во овој случај, јавноста нема да ги слушне имињата и презимињата на луѓето кои не успеаја да избегаат од огнот, бидејќи биле пациенти.

Од Владата за „Фокус“ објаснуваат дека нивниот идентитет е заштитен со закон.

Во случајот со трагичната несреќа во Тетово станува збор за пациенти и нивната приватност и идентитет се заштитени согласно закон. Дополнително случајот е под истрага на Обвинителството. Институтот за судска медицина целокупната документација ја предаде на истражните органи – велат од Владата за „Фокус“.

Во несреќата што се случи минатата недела, непосредно по прославата на независноста на Македонија, изгореа 14 пациенти кои се лекувале од ковид во тетовската модуларна болница. Во несреќата почина и уште една пациентка која не изгоре во пожарот, но пред да избувне огнот, неуспешно била реанимирана со дефиблиратор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.