Агенцијата за вработување  и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) информираат дека се појавени случаи на обиди за измама на апликантите кои учествуваат во програмата за Самовработување, со цел изнуда и незаконско стекнување финансиска корист.

Имено, до Агенцијата за вработување се обратија странки кои известија дека ги контактирало непознато лице од непознат телефонски број, кое им барало извесна сума (процент од грантот), со ветување дека со сигурност ќе им бидат доделени финасиските средства.

Агенцијата за вработување на Република Македонија и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП МК) се оградуваат од овие постапки и ги охрабруваат странките за вакви и слични случаи веднаш да ја известат Агенцијата за вработување.

Овој случај е веќе пријавен и пред надлежните органи, велат од Агенција за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.