Непознати сторители ја оштетиле внатрешноста на црква во долнореканското село Требиште, при што имало обид да се предизвика пожар во објектот.

Вчера утрото околу 9 часот, Н.Р. (60)од Скопје пријавил дека со употреба на сила било влезено во црквата „Свети Ахилиј Ларински“. Тој забележал дека се  причинети повеќе оштетувања, а имало обид да се предизвика пожар во внатрешноста на објектот – информираат од СВР Тетово.

Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.