Сеуште има заглавено патници под автобусот кој денеска поладне се преврте на патот Скопје-Тетово кај Карпалак.

Патнички автобус со 50-тина патници излетал и се превртел од кај село Ласкарци на излезот од Скопје, движејќи се по новиот пат кон село Бојане, а на местото на сообраќајната несреќа испратени се 11 амбулантни возила, од Скопје, Куманово и Тетово. Има повредени патници и дел од нив веќе се пренесени во болница, пренесе Курир

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.