Денеска во 12:30 часот В.М. (33) пријавила кривично дело насилство сторено од А.В. и С.А. двајцата од село Василево, соопштија од СВР Струмица.

Според полицијата денеска околу 11 часот додека пријавителката заедно со уште неколку лица ги посетувала жителите на село Василево во рамките на изборната кампања за Локалните избори 2021, забележале дека подолго време се движело возило зад нив во кое имало две лица.

Кога пријавителката и лицата кои биле со неа влегле во дворното место на Б.И. од сeло Василево, во дворот влегле С.А. и А.В. и почнале да упатуват навреди и закани кон нив. Кога пријавителката го земала телефонот да повика полиција А.В. физички ја нападнал, а кога К.П. се обидел да ја заштити и тој бил физички нападнат од А.В., а С.А. се обидел да го удри К.П. но не го погодил – стои во информацијата од струмичката полиција.

Од СВР Струмица додавават бил известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчитување на настанот, по што ќе се следи соодветен поднесок до ОЈО Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.