Мајка и син од тетовска Палатица во полиција пријавиле дека 34 годишник од соседното Требош ги измамил и им зел пари со лажно ветување дека ќе им помогне да добијат работа во Германија. Тој во неколку наврати им земал пари, па поради тоа тие се одлучиле да го пријават за измама.

Ќ.Н.(35) и неговата мајка Ш.Н.(62) од тетовското село Палатица пријавиле дека А.К.(34) од тетовското село Требош во неколку наврати ги измамил и ги оштетил за 79.000 денари. Според пријавеното, тој им ветувал дека ќе им помогне да добијат работна виза за Германија и старосни и социјални пензии. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.