Секторот за внатрешни работи  Куманово поднесе кривична пријава против двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од село Отља, кумановско и уште еден 16 годишен малолетник од село Слупчане, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“ во врска со кривично дело „соучесништво“.

Во периодот од јули до септември годинава пријавените преку комуникација на социјална мрежа со  закана дека ќе објават фотографии со невистинита содржина, оштетената ја принудиле да им даде поголема сума на парични средства, со што се стекнале со противправна имотна корист од 360.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.