На автопатот Скопје-Гевгелија, кај наплатна станица Градско синоќа во 19.30 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор  „Михајлово“ го лишиле од слобода Б.П.(67) од Скопје.

– При контрола во возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени Р.В.Ј.(25), Р.В.О.(22) и Х.М.В.А.(42), сите од Куба, кои илегално влегле во државата, соопштија денеска од МВР.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.