Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „несовесно работење во службата“, СВР Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Љ.А.(62), М.К.(60) и Г.С.М.(47) од Охрид.

Од ноември 2013 до август 2017 година Љ.А. и М.К. во својство на директор и помошник-директор за економски работи на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид, со пропуштање на должен надзор во вршењето на службените овластувања, на Г.С.М. ѝ овозможиле продолжување на времетраењето на нејзините докторски специјализации од максимум утврдениот рок од 60 месеци и не ја задолжиле да се врати на работното место општ доктор во болницата.

Наместо тоа, Љ.А. и М.К. ѝ овозможиле да остане уште 46 месеци на сметка на болницата исплаќајќи ѝ плата и надоместоци без извршени работни задачи. На тој начин, тие ѝ нанеле штета на ЈЗУ „Општа болница“ Охрид од вкупно 1.240.727,оо денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.