Докторот Ѓорѓи Јота, кој беше прегазен од автомобил управуван од малолетник е жив и неговата состојба е подобрена, потврди за МКД.мк директорката на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување КАРИЛ, д-р. Маја Мојсова.

Таа вели дека состојбата на д-р Јота е подобрена, но се уште е сериозна и тој продолжува со лекување.

Докторката апелираше да не се шират лажни вести поврзани со неговата здравствена состојба, бидејќи утрово еден медиум објави информација дека доктор Јота починал.

-Состојбата на д-р. Јота е подобрена и тој веќе не е на респираторна машина. Рано е да кажеме било што бидејќи се уште состојбата е сериозна. Лекувањето продлжува и будно и постојано ја следиме неговата состојба, изјави директорката на КАРИЛ, д-р. Мојсова за МКД.мк.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.