Вчера во СВР Охрид било пријавено дека попладнето околу 18 часот во угостителски објект на плажа во Градиште, С.К.(23) и С.К.(21) двајцата од Охрид физички го нападнале В.С.(27) од Охрид.

Според пријавеното, напаѓачите фрлале разни предмети од инвентарот во објектот како стаклени чаши, столици, маси и му нанеле тешки телесни повреди.

Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.