Вчера попладне во ПС Кичево, било пријавено дека во с. Пополжани дошло до физичка пресметка меѓу В.Г. (66), И.Л. (39), С.Л. (37), Д.Л. (31), сите од Кичево и други лица.

Според пријавеното, додека В.М. бил на прозорецот од неговата куќа, по селскиот пат поминувале другите лица и во еден момент се слушнал истрел, кој според пријавеното го испукал В.Г. од својот пиштол. Веднаш потоа, инволвираните физички се пресметале.

По пријавувањето на случајот преземени се соодветни мерки за расчистување. В.Г. е приведен во полициска станица, а во ПС е земена изјава и од другите инволвирани во случајот. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.