Ноќва околу 01,20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу неколку лица.

Притоа, на А.Р.(24) му била нанесена повреда од остар предмет и бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Исто така приведено е и едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.