Одредени недоразбирања во соба во тетовската болница завршила ноќеска со физичка пресметка. Според првичните информации, двајца тетовци довеле другар, кој бил во алкохолизирана состојба во болницата, а во собата во која биле започнала расправија и физичка пресметка со други лица кои веќе биле таму.

Вчера во 23 часот во СВР Тетово, вработен во тетовската клиничка болница пријавил дека во една од болничките соби на Интерното одделение бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.Б.(29) и С.Р.(26) од една и Н.А.(46) и Ј.А.(41) од друга страна, сите од Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Тетово.

Инволвираните ќе се соочат со прекршочна пријава за нарушување јавен ред и мир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.